Трансферот на Перишиќ во Серија А пропадна последните минути, но има план Б

Како што се најавуваше претходните денови, Иван Перишиќ требаше да потпише со новиот прволигаш во Серија А, тимот на Комо, но сето тоа некако магично пропадна во последните минути од трансфер периодот.

Фабрицио Романо синоќа нешто пред полноќ, објави дека трансферот е договорен и дека има вербално се договорено меѓу клубовите и заедно со Перишиќ, но минута после полноќ, се јави уште еден силен агент, Џанлука Ди Марзио, кој го потврди спротивното, дека трансферот пропаднал.

– Перишиќ сепак нема да го носи дресот на Комо, порача Ди Марзио.

Според неговите информации, Комо не успеал да го комплетира на време неговиот трансфер, а во меѓувреме, Перишиќ и Хајдук се разделија, со прекин на договорот, па сега играчот како слободен играч, ќе може да избира каде посакува да игра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО