Пикси го објави списокот: Србија никогаш послаба, особено во нападот!

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси го објави списокот на репрезентативци на кои смета за натпреварите против Шпанија (5 септември) и Данска (8 септември) во Лигата на нации (ЛН).

Пикси се соочува со големи проблеми, бидејќи тројца клучни играчи, Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе бидат отсутни поради повреди.

Од порано ги нема ниту Тадиќ, Костиќ, Гудељ, Вања Милинковиќ Савиќ, па очигледно е дака има некаков „скриен бојкот“ кај играчите.

Состав на Србија

ГОЛМАНИ: Предраг Рајковиќ (Ал Итихад), Ѓорѓе Петровиќ (Челси), Александар Јовановиќ (Партизан), Марко Илиќ (Црвена ѕвезда)

ОДБРАНА: Страхиња Павловиќ (Милан), Никола Миленковиќ (Нотингем форест), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Страхиња Ераковиќ (Зенит), Милош Вељковиќ (Вердер Бремен), Јан Карло Симиќ (Андерлехт), Коста Недељковиќ (Астон вила), Алекса Терзиќ (Салцбург)

СРЕДЕН РЕД: Саша Лукиќ (Фулам), Иван Илиќ (Торино), Немања Максимовиќ (Панатинаикос), Кристијан Белиќ (АЗ Алкмар), Марко Грујиќ (Порто), Лазар Самарџиќ (Аталанта), Милан Алексиќ (Раднички 1923), Андрија Живковиќ (ПАОК), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Стефан Митровиќ (Верона)

НАПАД: Лука Јовиќ (Милан), Петар Ратков (Салцбург), Михаило Ивановиќ (Војводина)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО