Легендарниот шпански репрезентативец, Серхио Рамос (38) ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал Ороба, пренесува белгискиот новинар, Саша Таволиери.
Договорот на Рамос со Севилја му истече летово, но тој не одлучил да се пензионира, туку сака да заработи уште милион евра во Саудиска Арабија. Но, инсајдерот, Фабрицио Романо известува дека се’ уште ништо не е сигурно бидејќи Рамос има некои други понуди.
Рамос е поранешен капитен на Севилја и на Реал Мадрид, а настапуваше и за ПСЖ. Тој е двократен европски првак (2008 и 2012) со Шпанија, а еднаш и светски првак (2010-та).
Најдобрите играчки години Рамос ги мина во Реал, со кого освои четири титули во Лигата на шампиони (ЛШ) и пет шампионски титули на Шпанија.
Со ангажманот на Рамос, саудиската лига би продолжила да носи познати фудбалски имиња. Кристијано Роналдо е во Ал Наср веќе една година, а Саудијците сакаат да го доведат и Винициус Жуниор за кого, наводно, на Реал му понудиле 500 милиони евра.