Со Виктор Осимен се уште не е завршена работата, тој иако е се уште дел од Наполи, може да се случи во следните часови да облече дрес на друга европска екипа.
ПСЖ и дефинитивно се повлече од трката бидејки Наполи за овој фудбалер побарува 100 милиони евра, а според последните информации, Челси е исто така заинтересиран да го ангажира Нигериецот.
Но освен Челси, опција е и трансфер во Саудиска Арабија, односно од таборот на Ал Ахли, од каде му ветиле далеку повеќекратна плата од она што го заработува во Наполи во моментот.
Се чини дека Челси и Ал Ахли влегуваат во фото финиш за потписот на фудбалерот, па само неговата волја и план ќе бидат пресудни околу тоа дали Нигериецот и во новата сезона ќе биде дел од Европа или ќе го смени континентот.
Големи се шансите во следните два дена тој да замине од Неапол, бидејки таму веќе пристигна Ромелу Лукаку.