Британецот, Ландо Норис, возачот на Мекларен беше најбрз на првиот слободен тренинг во петокот на патеката во Зандворт, пред трката за Големата награда (ГН) на Холандија, 15-та во годинашното Светско првенство (СП) во Формула 1 (Ф1).
Британецот успеа да го освои првото место со две десетинки побрзо време од локалниот миленик и актуелен светски шампион, Макс Верстапен (Ред Бул).