(ВИДЕО) Се врати по 447 дена и прими три гола!

Давид де Хеа пред две недели потпиша едногодишен договор со Фиорентина со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој вчера официјално дебитираше за италијанскиот клуб, 447 дена откако последен пат застана меѓу стативите.

Но прими три гола во ремието на Фиорентина со унгарскиот Пушкаш (3:3) во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на конференции (ЛК).


Де Хеа беше без клуб од лани летото, кога му истече договорот со Манчестер јунајтед. Тој беше поврзуван со многубројни клубови, а најспоменувана беше Саудиска Арабија.

Сепак, на крајот тој и се приклучи на Фиорентина, која минатата сезона заврши на осмата позиција во Серија А.

Де Хеа мина 12 години во Јунајтед, каде што пристигна во 2011 година, како 21-годишен, од Атлетико Мадрид, за 25 милиони евра.

Триумфира во Премиер лигата (2013-та), во ФА купот (2016) и во Лига Европа (2017), односно освои вкупно осум трофеи со гигантот од „Олд Трафорд“. Два пати беше прогласуван за најдобар голман во Премиер лигата (во 2018 и 2023 година).

Според Трансфермаркт, пазарната вредност на Де Хеа е пет милиони евра. Еден од најдобрите голмани на генерацијата и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед бранеше на 545 натпревари, прими 590 гола, а 190 пати ја сочува мрежата незатресена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО