Милијардерот Ретклиф воведува рестрикции на „Олд Трафорд“: Се крати на оброци, нема бесплатни брошури…

Персоналот на Манчестер јунајтед, наводно, бил приморан да јаде во близина на тоалетите како дел од најновите мерки на клубот за намалување на трошоците!?

Откако го презеде бизнисот на „Театарот на соништата“, милијардерот, Џим Ретклиф се впушти во голем број напори да заштеди пари во Јунајтед.

Како една од мерките за штедење тој најави 250 отпуштања во клубот, а потоа клупскиот персонал беше принуден драстично да го промени видот на оброците.

Претходно, на денот на натпреварите тие добиваа кутија за ручек со сендвич, житарки, чипс и безалкохолен пијалок. Тоа сега се промени, а некои тврдат дека добиле остатоци од храна наменета за корпоративни обложувалници.

Од Јунајтед соопштија дека храната што се нуди за персоналот е иста како и за навивачите и додаде дека тоа не се остатоци и дека е направена специјално за работниците. Оттаму додаваат дека по извршениот увид честопати се оставала и се фрлала многу храна во кутиите за ручек.

Некои работници велат дека се принудени да јадат во тоалет. „Тие поставија маса за ручек до четири тоалетни кабини. Излегувате од кабината и некој седи веднаш пред вас и јаде“, пренесува „Сан“.

И на тоа Јунајтед имаше одговор, тврдејќи дека тоа е простор со посебна просторија, со соседна бања.

Исто така, прекинато е делењето бесплатни печатени програми за натпреварите за навивачите во ВИП ложите. Навивачите тоа го открија на првиот меч сезонава во Премиер лигата против Фулам на „Олд Трафорд“.

– Со оглед на парите што ги плаќаме, да не добиеме пригодна програма изгледа крајно скржаво, се пожалил еден од навивачите.

Во вска со ова, клубот утврдил дека многу промероци завршиле во канти за смет. Во натамошното соопштение се наведува дека ВИП навивачите сè’ уште можат да ја побараат програмата и да ја добијат за читање во дигитална верзија.

Џим Ретклиф (71) е британски милијардер, хемиски инженер и бизнисмен. Во февруари 2024 година, Ретклиф стана акционер во Манчестер јунајтед, добивајќи контрола врз одредени деловни и спортски работи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО