Крис Еверт: „Доколку Ѓоковиќ победи во Њујорк, ќе престане да игра“?

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја одбрани титулата на САД опен во Њујорк, што не го направи никој по Роџер Федерер во 2008 година!

Ѓоковиќ се надева дека ќе го скрши тов „проклетство“ кое трае 16 години, верува во „моментумот“ со оглед на тоа дека го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Тој, исто така, го брка првиот грен слем триумф годинава, и доколку го освои САД опен, ќе стане првиот во историјата, сметајќи ги мажите и жените, со 25 грен слема на своето конто. Сега тој и Австралијката, Маргарет Корт имат по 24.

Токму за тоа во интервјуто за ЕСПН зборуваше славната Американка, Крис Еверт освојувачката на 18 грен слем титули. Таа даде интересна изјава поврзана со пензионирањето на Новак.

– Ако го освои 25-от грен слем, мислам дека ќе престане да игра. Ќе ја „прекине врската“ со Маргарет Корт. Победата на ОИ беше многу важна цел за него.

Мислам дека беше вистинска бајка за него да победи во Париз, по се’ она што му се случи со повредата и со операцијата, кога Карлитос Алкараз изгледаше како да ја превзема контролата врз се’. И се врати на нивото како на Вимблдон.

Да се ​​вратиш и да ја најдеш таа способност за опоравување и тоа ниво на тенис, што не сме го виделе цела година затоа што немаше освоено ниту еден турнир цела сезона, да, тоа беше бајка.

Не очекував, но верувам во карма. Овој човек работеше напорно цел живот, издржа голем притисок и беше помалку негативец во ривалството со швајцарската легенда, Роџер Федерер и со шпанската легенда, Рафа Надал. Тој го заслужува сето ова!

Таа се осврна и на големата мотивација на САД опен и додаде дека Новак треба да биде прогласен за најголем на сите времиња

– Тој е многу мотивирана личност, повеќе од кој било што сум го видела. Имаше многу подеми и падови во животот, во бракот, во личните односи и мислам дека тоа е поради неговата голема мотивација.

И тој реши се’. Тој е добар комуникатор и знае како да се справува со работите. Се чини дека во моментов е во најдобра форма, по подолго време. Мислам дека би било херојски подвиг доколку го освои овој турнир и дојде до 25-от грен слем.

Дефинитивно тој е најдобриот тенисер на сите времиња. Мислам дека тоа го мислат многу луѓе, додаде Еверт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО