(ВИДЕО) Роберто Карлос: Модриќ е подобар од Кристијано Роналдо, Бразилецот Роналдо, Зидан и од мене!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бразилецот, Роберто Карлос, во интервју за порталот 443, добил за задача да ги рангира легендите на Реал од првото до петтото место.

Тоа е популарен предизвик на социјалните мрежи во кој човек не знае кои имиња ќе ги добие, па мора напамет да ги нареди.

Карлос ги доби Зинедин Зидан, себеси , Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Роналдо Назарио, познат и како „вистинскиот Роналдо“.

Во таквиот избор на легенди, Карлос реши на прво место да го стави Лука Модриќ. Втор беше Кристијано Роналдо, трет Зидан, четврти Бразилецот Роналдо. Карлос себеси се стави на последното, петто место.


Денеска 51-годишниот Роберто Карлос работи како амбасадор на Реал Мадрид. Имаше кратка и не многу успешна тренерска кариера во Турција, во Сиваспор и во Акисарспор. Во играчката кариера тој мина 11 години во Реал, за кои постигна 70 гола. Играше на позицијата лев бек и беше познат по силниот удар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО