(ВИДЕО) Кристијано Роналдо соборува рекорди и во новиот бизнис!

Кристијано Роналдо (39) отвори канал на Јутјуб (YouTube) наречен „УР“. Тоа е новиот начин на кој португалската суперѕвезда сака да се доближи до своите обожаватели кои ги има околу 900 милиони на сите социјални мрежи.

За само неколку часа по лансирањето на каналот, тој достигна бројка од пет милиони претплатници. Во првите час и половина од лансирање, надмина еден милион претплатници, што е рекорд на Јутјуб.


– Многу сум среќен што овој долго планиран проект конечно заживеа. Долго време си играм со оваа идеја, а сега конечно добив шанса да ја реализирам, изјави Роналдо по лансирањето на каналот и најави дека ќе биде многу изненадувања и содржини преку кои симпатизерите ќе можат подобро да го запознаат него и неговото семејство.

Тој најави и дека ќе снима подкасти со гости „кои ќе изненадат многумина“, а на каналот веќе се објавени и неколку видеа.


Веќе можат да се видат Роналдо и Џорџина како ја играат играта за запознавање, може да се погледне видео во кое Роналдо зборува за тоа како се справува со големата слава, како и дали навива за Ѓоковиќ или за Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО