Нанели возвраќа: „Клаузулите од договорот се спроведуваат само доколку играчите не ги исполнат“!

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално се раздели со Американецот, Џејмс Нанели. „Заедно со договорот играчите ги потпишуваат и дисциплинските прописи кои мора да се почитуваат. Нанели е казнет поради тепачка со играч на Звезда. Не се ни збогувавме со него“, изјави Остоја Мијаиловиќ, првиот човек на клубот од Хумска.

На ова реагираше Нанели, кој по веста за прекинот на соработката, жестоко му одговори на претседателот на Партизан. Тој на социјалните мрежи напиша дека две години Мијаиловиќ не му плаќал редовно и оти во конфликтот со Лазаревиќ дејствувал во самоодбрана.

„О, ова е клевета затоа што делував во самоодбрана. Остоја, ајде сега, да не правиме муабет за правилникот. Ова не смееш да го кажеш без да ме плаќаш навреме две години.

Се чини дека клаузулите од договорот се спроведуваат само доколку играчите не ги исполнат. Тука ќе застанам“, напиша Нанели.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО