(ВИДЕО) Хајдук Сплит „дебело“ го плаќа Џенаро Гатузо

Хајдук Сплит сезонава реши сите карти да ги фрли на освојување на шампионската титула во шампионатот на Хрватска. Сплиќани долго време му гледаат во грб на Динамо кој доминира, а за да се смени таа ситуација за тренер го ангажираа Џенаро Гатузо, една од легендите на италијанскиот фудбал.

Гатузо пристигна на први јули годинава за да го направи Хајдук шампионски тим.  Веднаш се крена голема прашина околу некои негови одлуки, особено кога си замина еден од најпознатите хрватски репрезентативци, Иван Перишиќ, наводно поради недоразбирањата со Гатузо.

Познатиот сплитски новинар, Едо Пеци во еден подкаст ја откри платата на Џенаро Гатузо. Според него, Италијанецот за една година треба да заработи 2.400.000 евра (200.000 месечно!).

Тоа е прилично голема сума пари, па славниот играч за врска и не толку успешен тренер, треба добро да го размрда тимот кој во првите три кола од новото превенство забележа две победи и едно реми.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО