(ВИДЕО) УЕФА направи измени во химната на ЛШ, навивачите незадоволни

Лигата на шампиони (ЛШ) претрпе револуционерни промени сезонава. По 33 години во кои основниот дел се играше по групи, ЛШ станува вистинска лига. Од септември 36-те тима ќе играат по лигашки систем.

Но, беше откриено дека ова не е единствената промена во најатрактивното и најпрестижното клупско фудбалско натпреварување.

На првите натпревари од последното прелиминарно коло во ЛШ, на стадионите на Јанг бојс, Малме, Митјиланд и на привремениот, на Динамо Киев, можеше да слушнат промените на најпознатата фудбалска химна која беше промовирана во 1991 година.

Промените не се големи, но предизвикаа огромни контроверзи. Текстот на химната, отпеан на англиски, француски и на германски, официјалните јазици на УЕФА, остана непроменет.

Но затоа се сменети акордите на легендарната мелодија, која е забрзана во однос на оригиналот, а на неа се додадени и ефекти.


Иако симболот на ЛШ претрпе помали промени од самото натпреварување, љубителите на фудбалот се незадоволни од новата верзија на старата и обожувана химна.

На социјалните мрежи има гнев и негодување. „Ја сменија химната на Лигата на шампионите. Фудбалот официјално е мртов. Почивај во мир“, е еден од коментарите.

Ждрепката за групната (лигашка) фаза од ЛШ ќе се одржи на 29 август во Монако. Тимовите (36) ќе бидат поделени во четири шешири според рангирањето на УЕФА, а потоа софтверот ќе ја одреди иднината на секој клуб и на неговите осум противници. Првите натпревари се закажани за 17 септември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО