Мартинез уште пет години во Астон вила

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го продолжи договорот со Астон вила. Легендарниот Дибу успешната кариера ја продолжува во тимот од Бирмингем со кој минатата сезона избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Мартинез моментално е еден од најдобрите голмани во светот. Ова особено се однесува на настапите во репрезентацијата на Аргентина, со која ги освои Светското првенство (СП) и Копа Америка.

Аргентинецот во Астон вила дојде во 2020 година и според новиот договор ќе остане до 2029 година. Претходно, тој мина речиси осум години во Арсенал, и во тој период настапи само на 15 натпревари, а кариерата најмногу ја мина на заем во други клубови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО