По заминувањето на Филип Јоргенсен во Челси, Вилјареал најде нов голман. Станува збор за Луиз Жуниор, до неодамна голманот на португалскиот Фамаликао.
Овој Бразилец има 23 години, а во минатите три сезони беше стандарден на голот на португалскиот прволигаш. Тој потпиша шестгодишен договор со Вилјареал, а вредноста на трансферот е 10 милиони фунти.
Како потсетување, шпанскиот клуб неодамна го продаде 22-годишниот Филип Јоргенсен на Челси за 20,7 милиони фунти.