Незадоволниот голман на Реал ќе си замине како слободен играч

Голманот на Реал Мадрид, Украинецот, Андриј Лунин ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што во неговиот случај значи и до крајот на договорот.

Тој потоа ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч и мадридскиот гигант нема да профитира од неговото заминување.

Украинскиот голман беше првиот голман на клубот минатата сезона, но враќањето на Тибо Куртоа по повредата и операцијата на менискусот на десното колено, значеше дека тој повторно ќе се пресели на клупата.

Белгискиот голман е меѓу стативите, а незадоволниот Лунин е меѓу оние кои му даваат поддршка од клупата. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го пушти за сума не помала од 20 милиони евра, но и дека се’ уште нема понуди.

Тие пишуваат и дека Лунин донел одлука да го одработи договорот, што значи дека на крајот од сезоната ќе биде слободен играч, и во меѓувреме ќе може да преговара со други клубови за подобра плата, веќе од јануари.

Трансфермаркт го проценува на 25 милиони евра. Лунин пристигна во Реал во 2018 година во трансфер вреден 8,5 милиони евра, од Зорја. За шпанскиот клуб бранеше на 48 натпревари, од кои на 16 без примен гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО