Изградбата на новиот/реновиран стадион „Камп Ноу“ во Барселона полека привршува. Предвидувањата се дека 60 отсто од работите на објектот ќе бидат завршен до крајот на годинава, а комплетно да биде завршен во првата половиона од 2025 година.
Новиот стадион ќе може да прими 105.000 гледачи, а инвестицијата е вредна 1,5 милијарди евра. Новиот „Камп Ноу“ ќе биде меѓу најмодерните стадиони во Европа, ќе зафаќа 18 хектари во центарот на Барселона и ќе има покрив со површина од 350.000 квадратни метри.
Барса до крајот на работите натпреварите ќе ги игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“.
The aerial walkway will be INSANE pic.twitter.com/T1ZJ3Etw8w
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 19, 2024