(ВИДЕО) Синер го освои Мастерсот во Синсинати и најави дека на ред е Њујорк!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер го освои Мастерс турнирот во Синсинати победувајќи го во финалето Американецорт, Френсис Тиафо со 7:6 и 6:2.

По титулата на Австралија опен, на Мастерсот во Мајами, Ротердам и Хале, Синер триумфира и во Синсинати и ја продолжи беспрекорната серија во финалињата сезонава – 5:0.

Иако во Синсинати се жалеше на повреда на колкот, во финалето беше незапирлив, пока дека е во одлична форма пред последниот грен слем сезонава и дека ќе биде главен фаворит за освојување на трофејот на САД опен во Њујорк.

– Многу тешка и комплицирана недела. Многу сум среќен поради оваа победа. И двајцата бевме уморни од напорното полуфинале, почувствувавме силна тензија и затоа сум задоволен што добро ги одиграв најважните поени, изјави Синер по натпреварот.


Тој истакна дека на САД опен доаѓа полн со самодоверба. „Многу ќе ми значи што во Њујорк доаѓам со оваа титула. Имав големи победи во Синсинати, задоволен сум, но ќе видиме што ќе се случи. Ова е слична ситуација како на Вимблдон, кога победив во Хале, опуштен сум, имам самодоверба“, рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО