(ВИДЕО/ФОТО) Необична преписка Ѓоковиќ – Погачар: „Пази се, доаѓам на Тур де Франс“

Преписката меѓу најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и трикратниот победник на легендарната велосипедка трка, Тур де Франс, Тадеј Погачар на социјалните мрежи продолжува.

Ѓоковиќ реши привремено да го промени спортот во рамките на подготовките за последниот годинашен грен слем турнир, САД опен, па рекетот и топчето ги замени со велосипед.

„Повторно на тренинг. Поставување нови цели. Следната станица е Тур де Франс. Доаѓам по тебе“ напиша тој на Инстаграм и го „чепна“ словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, трикратниот победник на оваа трка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Набргу стигна одговорот од Словенецот, кој го сподели видеото и напиша: „Исто и јас“.

Новак потоа му постави нов предизвик: „Врати ми го сервисот во тенисот, а јас ќе се обидам да те следам по планината во спринт на 100 метри. Може ли?“, праша Ѓоковиќ.

Останува да видиме дали ќе бидеме сведоци на продолжување на „овој дуел“ меѓу двајцата големи шампиони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО