(ВИДЕО/ФОТО) Мбапе исмејуван по лошото деби за „кралевите“  во Ла лига

Долгоочекуваниот прв настап на Килијан Мбапе за Реал Мадрид во Ла лига заврши со разочарување. Актуелниот шпански и европски првак, со реми и со бод ја почна одбраната на домашната титула против скромната Мајорка (1:1) која минатата сезона ја заврши на 15. место.

Лош натпревар одигра оној од кого најмногу се очекува и кој најмногу е платен, Килијан Мбапе. Тој пред два месеца конечно заврши во Мадрид, откако Реал седум години се обидуваше да го доведе.

Мбаше дојде бесплатно од ПСЖ, но Реал му плаќа цело богатство за играњето, годишно 15 милиони евра, без бонуси.

Покрај тоа, тој ќе добива 20 отсто од заработката на Реал од неговите права на  „имиџот“. Но, најраскошниот дел од договорот е бонусот за потпишување според кој Мбапе ќе добие 125 милиони евра од Реал.


Навивачите на Реал беа особено „запалени“ за дебито на Мбапе во лигата, откако постигна гол на првиот натпревар за Реал, против Аталанта во победата од 2:0 при освојувањето на Супер купот на Европа.

Но, наместо да биде „хит на неделата“, Мбапе послужи за потсмев. За шегувањето со Мбапе се користат Шрек, Меџик Џонсон, Хоселу и еден анонимен дебел човек!


Неговата немоќ и неефикасност резултираа со вирални видеа и објави на социјалните мрежи. На Мбапе, кој е навикнат лесно да постигнува голови во Франција, му се потсмеваат, меѓу другото, и поради неможноста да направи нешто против многу поцврстите одбрани во многу посилната шпанска лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО