Реал Мадрид киксна на отворањето на сезоната во Ла лига

Актуелниот шампион на Шпанија и на Европа, Реал Мадрид ремизираше, 1:1 на гости кај Мајорка во првото коло од новата сезона во Ла лига.

Реал поведе во 13. минута со голот на Родриго, на асистенција на бразилскиот сонародник, Винициус Жуниор. Косовскиот напаѓач, Ведат Муриќи го постигна голот за првиот бод на Мајорка, во 53. минута.

„Кралевите“ мечот го завршија со 10 играчи бидејќи левиот бек, Французинот Ферлан Менди доби директен црвен картон во седмата минута од судиското надополнување. Тој беше исклучен поради груб старт и директен удар врз скочниот зглоб на противникот.

Реал во следното коло ќе го пречека Валјадолид на „Сантијаго Бернабеу“, клуб во сопственост на легендата на Реал, Роналдо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО