Енцо Мареска, менаџерот на Челзи, сака што поскоро да го намали бројот на играчи со кои располага.
Пред неделниот дуел со Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“, Мареска рече дека нема место за Чилвел во тимот и дека можеби е подобро да си замине ова лето.
„Чили е со нас, но не тренира последните неколку дена бидејќи е болен. Причината поради која не играше на пријателскиот натпревар со Интер е сосема јасна, иако ми се допаѓа како играч, проблемот е што тој се бори да ја најде вистинската позиција. Утрово имав 22 играчи на тренинг и секој од нив ќе ви каже дека сака да игра во недела против Сити, но тоа е невозможно“, вели Мареска и додава.
Во април минатата година Чилвел го продолжи договорот со сините до летото 2027 година.
Чилвел е само еден од играчите кои Челзи сака да ги продаде.
Трево Чалоба е отстранет од тимот и тренира одвоено, а клубот не смета на Армандо Броја и искусниот Ромелу Лукаку. Истата приказна е и со Конор Галагер, кој се уште чека трансфер во Атлетико Мадрид.