Аргнетинецот, Маурицио Покетино ќе биде новиот селектор на американската фудбалска репрезентација, пишува Њујорк Тајмс.
Покетино би требао да ја предводи американската репрезентација најмалку до крајот на Светското првенство (СП) 2026 година, чиј домаќин ќе биде САД. заедно со Канада и Мексико, на кое за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации
Поранешениот селектор, Грег Берхалтер доби отказ откако САД беа елиминирани во групната фаза на Копа Америка летово. Еден њујоршки весник минатата недела објави дека 52-годишниот Покетино е првата цел на Фудбалската асоцијација на САД.
Покетино никогаш не предводел репрезентација досега, но беше тренер/менаџер на Еспањол, Саутемптон и на Тотенхем меѓу 2009 и 2019 година, а потоа и на ПСЖ и на Челси.