Со победата од 2:0 против Аталанта, Реал Мадрид по рекорден шести пат го освои Суперкупот на Европа. Италијанците беа рамноправни во првото полувреме, но во продолжението „кралевите“ преку Валверде во 58. минута и Мбапе во 68. минута, заслужено славеа.
Францускиот напаѓач на најдобар можен начин го круниса дебитантскиот настап за Реал, а по натпреварот не го криеше задоволството што конечно заигра во „белиот дрес“.
– Кога велите Реал Мадрид, велите трофеи. Тоа е најдобриот клуб во светот. Неверојатно е чувството да се носи дресот на Реал, сите знаат колку ми значи да играм за овој клуб, изјави Мбапе.
Одличен меч одигра и Џуд Белингем, кој по натпреварот со одбрани зборови говореше за својот нов соиграч.
– На Килијан му беше судено да постигне гол вечерва. Тој е одличен играч, работи напорно за тимот, рече Белингам.