Лоша вест доаѓа од Шпанија. Многубројни медиуми од оваа земја информираа дека синоќа на паркинг, во каталонскиот град, Матара, со нож бил избоден Мунир Насрауи, таткото на Ламин Јамал, младиот играч на Барелона и шпански репрезентативец кој неодамна триумфира на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Според шпанските медиуми, Насрауи бил избоден со нож по расправија и тепачка на паркинг, по што итно бил префрлен во болница.
Полицијата се’ уште не ги објави деталите од истрагата, сведоците се’ уште се на распит, но по првите лоши вести пристигнаа и поубави. Сепак, Насрауи не е тешко повреден, има полесни повреди и по лекарската интервенција пуштен е на домашна нега.
Таткото на Јамал, Мунир Насрауи, е од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја. Ѕвездата на Барселона, која се’ уште е малолетна, неодамна импресионираше на ЕП во Германија.
Причината за нападот на таткото на фудбалската ѕвезда не е позната, но на социјалните мрежи се појавија видеа кои покажуваат нешто. На нив се гледа што се случило неколку часа пред тепачката, кога таткото на Ламин Jамал се расправал со соседите.
🚨 ÚLTIMA HORA | El pare de Lamine Yamal ha sigut vist discutint amb uns veïns aquesta tarda
— 8tv.cat (@8tvcat) August 14, 2024
На социјалните мрежи се појави јасна снимка на која Мунир нешто разговара со соседите, во областа каде што е избоден, кога реагирала и полицијата.
Тоа се карактеризира како почетна капсула за инцидентот што се случил подоцна, иако се’ уште нема официјална потврда од Шпанија.
Momento en el que la policía llega para separar la pelea del padre de Lamine Yamal con sus vecinos
— ️ٓ️ (@CocoExiliado) August 14, 2024