Челниците на англиската Премиер лига ќе отворат специјален профил на социјалните мрежи каде што за време на натпреварите ќе се објавуваат објаснувањата поврзани со одлуките на судиите од ВАР собата!
Со оглед на многубројните поплаки за судиските одлуки во ВАР собите, имаше иницијатива од Вулверхемптон за укинување на ВАР-от!
Но, со мнозинска одлука на клубовите во јуни беше одлучено ВАР технологијата и натаму да остане во употреба. Премиер лигата се надева дека отворањето таков профил каде што ќе може да чујат објаснувањата ќе ја намалат фрустрацијата кај дел од навивачите.
– Бидејќи не е дозволено во живо да се емитува аудио од ВАР-от, Центарот за натпревари во Премиер лигата ќе се потпре на нашите социјални медиуми за да објавуваат објаснувања за одлуките што е можно побрзо, се вели во соопштението на Премиер лигата.
Сите објаснувања за одлуките на ВАР-от во Премиер лигата во претстојната сезона треба да бидат достапни на X и на @PLMatchCentre.