Честопати наидуваме на некои многу интересни, па и бизарни случаи во спортот, а еден таков случај е забележан во Русија.
Претседателот на Локомотив Кубањ, Андреј Ведишев, ни помалку ни повеќе, си се назначил за тренер на тимот. Претходно од таа функција беше разрешен Александар Секулиќ, селекторот на Словенија, а на големо се зборуваше кој би можел да го наследи.
Сепак, на крајот се случи изненадување, откако на тренерската позиција дојде актуелниот претседател, воедно и сопственик на клубот.
– Целосно сум убеден во оваа одлука. Знам што му треба на тимот за напредок и за големи победи, изјави Ведишев.
Ведишев за првпат ќе биде тренер на накој тим и ќе биде многу интересно да се види во таа улога.