(ВИДЕО) Том Круз во „Невозможна мисија“ го „спасуваше“ олимпиското знаме

Свеченото затворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз приреди спектакл во кој во еден момент главната улога ја имаше американската филмска ѕвезда, Том Круз.

Тој настапот го почна со спуштање од покривот на „Стад де Франс“, по што се поздрави со публиката и се искачи на бината. Потоа го зеде олимпиското знаме, седна на својот мотор, и шоуто можеше да почне!

Потоа следувашееше видео на кое се гледа како Круз, исто како и во неговиот познат серијал филмови „Невозможна мисија“, влегува во авионот со мотор, а потоа скока од него и го „доставува“ знамето во Лос Анџелес, местото каде што ќе се одржат наредните Игри во 2028 година.

Сето тоа со саундтракот на светски познатата музичка група, Ред Хот Чили Пеперс…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО