Американките едвај спречија шок и одбранија чудесен рекорд

Последен настан на Олимписките игри (ОИ) во Париз пред церемонијата на затворањето, беше финалниот натпревар меѓу француските и американските кошаркари. Иако Французинките пружија добар отпор, Американките победија со 65:62 во драматична завршница.

Во „ловот“ на злато, освен домашен паркет, Франција имаше дополнителен мотив во неверојатните настапи на американските кошаркари, кои последниот меч на ОИ го загубија во полуфиналето во Барселона 1992 година, од селекцијата на Независни држави (ЗНД).

Од Атланта до Париз, ова е осмо последователно злато за Американките. До победата ги предводеше Аја Вилсон со 21 поен, а кај Французинките најмногу поени постигна Габи Вилијамс, 19.

Во последните секунди Франција имаше напад за изедначување, кога САД имаа предност од три поени. Вилијамс погоди, но тоа беа само два поена, недоволни за израмнување и за продолженија.

Финалето на женскиот турнир го следеа членовите на американската машка кошаркарска репрезентација, предводени од Леброн Џејмс, кој вчера го освоија златниот медал, победувајќи ги Французите во финалето.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО