(ВИДЕО) Кејн одби да го крене трофејот по победата над Тотенхем

Баерн Минхен го победи Тотенхем со 3:2 во вчерашниот пријателски натпревар на стадионот во Лондон и на тој начин го освои „Визит Малта“ купот.

Хари Кејн, поранешната ѕвезда на Тотенхем, ги одигра последните 10-на минути за Баерн, а во тој период ја носеше и капитенската лента.

Бидејќи Кејн го заврши натпреварот како капитен, тој требаше да го подигне трофејот наменет за победникот на турнирот. Сепак, Англичанецот не сакаше тоа да го стори  против поранешниот клуб, па тоа го направи Џошуа Кимих, кој беше капитен пред Кејн да го замени.


Како потсетување, Кејн, иако е еден од најдобрите напаѓачи на генерацијата, сепак нема освоено ниту еден официјален трофеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО