Словенија остана без медал, петта бронза за Шпанија!

Шпанските ракометари го освоија бронзениот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз откако во мечот за третото место беа подобри од Словенија, 23:22.

Тоа е петти олимписки медал за машката репрезентација на Шпанија, петти бронзен! Словенците се’ уште се без медали во овој спорт.

Мечот за бронзата беше тензичен од првата до последната минута. Ниту една екипа не можеше да се одлепи на предност поголема од два гола.

Во неизвесна завршница, на две минути до крајот Шпанија дојде до предност од два гола преку Алекс Дујшебаев, но Јуре Доленец набрзо ја намали разликата со голот од седмерец.

Словенија потоа се одбрани и имаше напад за продолженија, но не го искористи. Така го загуби втор меч по ред со еден гол разлика, од Данска ја победи во полуфиналето, 30:31.

Најдобар кај Шпанија беше Алеис Гомез Абело ко даде пет гола, а Агустин Касадо постигна четири. Доленец постигна шест гола, сите од седмерци, а Блаж Јанц пет пати се запиша меѓу стрелците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО