(ВИДЕО) Погледнете ги снимките од славјето на српските кошаркари. Јокиќ пее: „Проклета е Америка“

Срспките кошаркари освоија бронзен медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз, што доста „лудо“ го прославија.

Средбата за третото место почна во 11 часот, а Србите мораа да чекаат до крајот на финалето што почна во 21.30 часот, пред да се доделат медалите. Времето меѓу нивниот натпревар и примањето медали го искористија за забава и славење.

На интернет кружат видеа од српските кошаркари кои пеат, танцуваат и пијат. Најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Никола Јокиќ најчесто е во центарот на забавата, а американските медиуми истакнуваат дека Јокиќ поради бронзениот медал изгледа многу посреќен отколку кога ја освои титулата во НБА.


Јокиќ во еден момент на микрофон ја отпеа и песната „Проклета е Америка и златото што сјае“, а добрата атмосфера при доделувањето на медалите ја донесоа Србите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО