И втората боксерка која се сомничи дека е маж освои злато во Париз

Тајванската боксерка, Лин Ју-Тинг, го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во категоријата до 57 кгр победувајќи ја Јулија Серемет од Полска во финалето со едногласна одлука. Така таа заврши на олимпискиот трон исто како уште еден оспорувана боксерка, Алжирката, Иман Келиф.

Да потсетиме, Келиф и  Ју-тинг беа дисквалификувани од Светското првенство (СП) за жени во 2023 година бидејќи тестовите „докажаа дека имаат XY хромозоми“, објаснија од Интернационалната боксерска асоцијација (ИБА).

Но, бидејќи ИБА не го води олимпискиот боксерски турнир во Париз, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) потврди дека е задоволен што и двете боксерки добија шанса да се натпреваруваат според помалку строгите правила за подобност по пол кои беа во сила за Игрите во Токио во 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО