Романката го доби назад бронзениот медал по жалбата до Спортскиот суд!

Романската гимнастичарка, Ана Барбосу, сепак е освојувачка на бронзата на Олимписките игри (ОИ) во Париз, откако жалбата на САД беше поништена.

Ваква одлука донел Судот за спортска арбитража (САС), кој оценил дека Американците поднеле жалба по истекот на рокот за неа, односно една минута подоцна, пишува британскиот новинар, Сем Стрит.

Како резултат на тоа, американската гимнастичарка Џордан Чајлдс е вратена на петтото место, каде што беше пред жалбата.

По одлуката на САС се огласи и Интернационалната гимнастичка федерација, која ја прифати пресудата и ги врати резултатите во првобитната состојба.

Сепак, се’ уште е нејасно дали Чајлдс ќе мора да го врати бронзениот медал или на Романката ќе и биде доделен друг, со оглед на тоа што за ова одлучува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО