Не се повтори Токио. Во Париз одбија да го поделат златото во скок во височина!

Пред три години на Олимписките игри (ОИ) во Токио, Мутаз Баршим и Џанмарко Тамбери добија шанса да го поделат златото во скок во височина.

Не им требаше многу за да се договорат, па претставникот на Катар и претставникот на Италија скокнаа во прегратка и заедно застанаа на тронот.

Истото можеше да се случи и во Париз. Новозеланѓанецот, Хамиш Кер и Американецот, Шелби Мекјуен беа изедначени откако и двајцата прескокнаа 2,36 метри во првиот обид и можеа да го поделат златото.

Мекјуен наводно одбил по што продолжиле со скоковите за да се одлучи кој ќе биде олимписки шампион.

Никој од нив не прескокна 2,38, ниту пак 2,36 метри во вториот обид, па летвичката беше спуштена на 2,34 метри. Кер ја прескокна таа височина, но не и Мекјуен.

Но додека првичните извештаи сугерираа дека Мекјуен одбил да го споделат златото, тој и Кер подоцна потврдија дека двајцата не се согласиле за такво нешто.

– Разговаравме и тој ми предложи да скокаме за златото. И јас бев за тоа. Во еден момент се изморив, помислив дека требаше ја прифатам поделбата, но сакав да го испочитував договорот, рече Мекјуен.

Слична е и приказната на Кер.  „Тоа беше посебен момент, забавно е да се испише историјата на поинаков начин. Ќе бев горд ако завршев како втор по дополнителните скокови, веројатно погорд отколку ако го поделев златото. За мене најважно беше да се обидам да ја испишам историјата на поинаков начин“.

Една од можните причини за одбивање на поделбата е и од финансиска природа, со оглед на тоа што Светската атлетика (СА) доделува награда од 50.000 долари за сите освојувачи на златни медали  на Игрите во Париз.

Ако го поделеа златото, Кер и Мекјуен ќе требаше да ја поделат и наградата. Американецот потврди дека и тој размислувал за тоа. „Имам семејство за прехранување“, рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО