Трето злато за Норвежанките, Данска со бронза

Норвежанките се олимписки победнички во ракомет на Игрите во Париз по победата во финалето над Франција со убедливи 29:21. За нив тоа е трето злато на ОИ, по Пекинг 2008 и Лондон 2012-та, со што се изедначија со Данска.

Норвешка покрај трите злата, има уште две сребра и три бронзи од ОИ. Франција не го одбрани златото освоено во Токио 2021.

Финалето меѓу Норвешка и Франција беше и пресметка меѓу двете најдобри репрезентации на денешницата. Актуелниот светски и олимписки шампион Франција против европскиот шампион Норвешка.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО