Тотенхем го ангажира Соланки за 65 милиони фунти

Тотенхем го договори трансферот на Доминик Соланки, за 26-годишниот напаѓач на Борнмут, за 65 милиони фунти, од кои првично ќе плати 55 милиони, плус дополнителни 10 милиони на рати.

Соланки кој потпиша договор до 2030 година, е четвртото засилување на Тотенхем летово, по Јанг Мин-Хјук, Лукас Бергвал и Арчи Греј.

Соланки му се приклучи на Борнмут за 19 милиони фунти во 2019 година од Ливерпул, за кого се смета дека има клаузула да добие 20 отсто од секој нареден трансфер

Лани Соланки ја одигра најдобрата сезона во кариерата, постигнувајќи 21 гол на 42 настапи. Тој би можел да дебитира во Премиер лигата за новиот клуб на првиот натпревар од новата сезона, на гости против Лестер, на 19 август.

Соланки ги мина младинските категории на Челси, а на Ливерпул му приклучи во мај 2017 година, откако му истече договорот на „Стемфорд бриџ“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО