Дани Олмо со емотивна порака се прости од Лајпциг

Пред заминувањето во Барселона, Дани Олмо (26) се прости од Лајпциг со емотивна порака на социјалните мрежи и им се заблагодари на клубот и на навивачите за фантастичните четири години што ги мина во тој клуб.

„Млад клуб, млад играч… Пораснавме, ги освоивме нашите први трофеи и заедно испишавме историја. Два купа и суперкуп се само дел од многуте незаборавни моменти кои ќе останат со мене засекогаш.

Ти благодарам Лајпциг, засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша еден од најдобрите играчи на неодамна завршеното ЕП.

Лајпциг ќе добие 55 милиони евра и бонуси во износ од седум милиони евра, а Олмо ќе потпише шестгодишен договор со Барса.

Шпанскиот напаѓач претходно ги договори сите услови за соработка со Барселона, а денеска спортскиот директор на Барса, Деко ја заврши својата работа во Германија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО