ФИБА со пофални зборови: Благодариме Србија!

САД ја совладаа Србија со 95:91 во „лудото“ полуфинале на кошаркарскиот турнир и со тоа си обезбедија меч за олимписка титула во Париз. Србите водеа во текот на целиот натпревар, во вториот дел имаа и 17 поени предност, но во последниот квартал попуштија (беше 15:32) и на крајот загубија  се’.

САД во финалето утре од 21,30 часот ќе игра против Франција, а Србија од 10 часот против Германија ќе се бори за бронза.

Но и покрај поразот, Србија импресионираше со играта против една од најсилните селекции во историјата. Леброн, Кари, Дурент, Ембид… беа на прагот на пораз од Јокиќ, Богдановиќ, Аврамовиќ.

Србите добија пофалби од љубителите на кошарката ширум светот, а признание стигна и од Светската кошаркарска федерација (ФИБА) која на социјалните мрежи објави фотографии од српските кошаркари и напиша: „Тие дадоа се’ од себе“. Потоа на српски додаде: „Благодараме Србија“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО