Франција во драматичен финиш си обезбеди место во финалето

Кошаркарската репрезентација на Франција стана првиот финалист на Олимписките игри (ОИ) во Париз, откако во полуфиналето славеше против Германија со 73:69. Триколорите“ во финалето ќе играат со подобриот од дуелот Србија – САД.

Домаќините имаа +13 и беа на прагот на финалето, но Германците се вратија и заостануваа само два поена на 38 секунди до крајот. Сепак во завршницата повеќе нерви и среќа имаа Французите и заслужија да играат во финалето.

Германија одлично стартуваше, се чинеше дека актуелните светски шампиони имаат се’ во свои раце и оти лесно ќе победат, но по одличните 10 минути „панцерите“ буквално потонаа.

Франција ја засили играта во нападот и во одбраната, Исаја Кордиње беше човекот кој внесуваше енергија, а со влегувањето на Матијас Лесор се’ се промени во вториот дел.

Третата четвтина беше клучна, кога нивото на игра на францускиот тим значително се подобри. Германија едноставно не можеше ништо да погоди и да одговори на  противникот.

Најдобар играч на натпреварот беше Гершон Јабуселе со 17 поени, Кордиње додаде 14, а Виктор Вембањама 11 за победничкиот тим. Кај Германците беше најефикасен беше Шрудер со 18 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО