Младиот фудбалер на Боја јуниорс, Арон Анселмино, денеска потпиша седмогодишен договор со фудбалскиот клуб Челси.
Во соопштението на Челси се тврди дека Анселмино следната сезона ќе ја мине повторно во Бока, но само како позајмен играч, а дури од 2025/26 ќе заигра за Челси.
Младиот фудбалер за Бока Јуниорс дебитираше минатата година, па брзо ги освои симпатиите на навивачите. Тој во Бока Јуниорс пристигна во 2017 година.
Британските медиуми потврдија дека Челси за дефанзивецот на Бока Јуниорс платија 26 милиони евра и дека во него гледаат трајно решение за одбраната.