Легендата на Јунајтед е загрижен за голманската позиција: Она што тој го прави..

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, е загрижен за голманската позиција во неговиот поранешен клуб.

Ветеранот смета дека Јунајтед има доста неконстантен и нестабилен голман и тоа немаше проблем јавно да го признае, мислејки на голманот Андре Онана.

– Се уште сум загрижен за голманската позиција, Онана е човек кој ме загрижува. Ја следев пред-сезоната и мечевите на Јунајтед, неколку голови кои тој ги прими против Ливерпул, беа навистина шокантни, смртно сум загрижен за оваа позиција во тимот, истакна Пол Сколс.

Многупати претходната сезона, Онана беше на ѕидот на срамот поради редовните киксови, па само на кратко, на моменти блескаше со по некоја добра интервенција, но останува да се види дали Онана ќе ја подигне формата за новата сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО