Ѓоковиќ наградата од ОИ ќе ја донира во добротворни цели

Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Во финалето тој го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Тоа е првиот златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер. Владата на Србија великодушно ги наградува своите олимпијци кои освојуваат медали, односно Ѓоковиќ добие 200.000 евра.

Како што пренесува српскиот портал „Курир“, Ѓоковиќ целата таа добивка ќе ја донира во добротворни цели. Српскиот тенисер имаше многубројни хуманитарни гестови во текот на кариерата.

Во 2007 година тој ја основа „Фондацијата Новак Ѓоковиќ“, со која раководи неговата сопруга Јелена. Целта е да се обезбеди предучилишно образование за секое дете во Србија.

Само Израел (253.000 евра) и веројатно најдарежливиот Хонг Конг (708.000 евра) плаќаат повеќе од Србија за олимписко злато. Ѓоковиќ се стекнува и со право на спортска пензија која се активира од 40-та година и ќе се исплаќа месечно.

Со оваа победа српскиот тенисер ја заокружи кариерата со „златен слем“, односно со освојување на четирите грен слем титули и на олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот тоа им успеала само на Штефи Граф, и Серена Вилијамс, Андре Агаси и на Рафаел Надал.

Ѓоковиќ е и водечки тенисер според заработка. Само од турнирите досега има заработено повеќе од 150 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО