Бесарт Ибраими ја напушта Струга ТЛ

Македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим Лум се раздели со најдобриот играч, Бесарт Ибраими. Потврда за тоа дојде од фудбалер, кој со порака на социјалните мрежи се збогува од стружани.

„Почитувани стружани, сакам да ве информирам дека со меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга ТЛ, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања.

Благодарност до претседателот и до сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга ТЛ. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Ибраими.

Останува да се види која ќе биде следната дестинација на Ибраими, но реално е да се очекува негово враќање во Тетово бидејќи постои опција за договор со Шкендија. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ има 37 години, а беше дел од Струга ТЛ од 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО