Ламеха Гирма од Етиопија, светскиот рекордер на 3,000 метри стиплчез (7:52,11 минути) и освојувач на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Токио, не ја заврши трката во Париз откако колабираше и падна на патеката.
Атлетичарот од Етиопија кој беше во водечката група, падна на претпоследната пречка, на 200 метри пред финишот и потоа беше изнесен на носилки од атлетската патека во бесознаие.
Тој бил однесен во станицата за прва помош на „Стад де Франс“, каде што се освестил. Гирма (23) трипати по ред беше втор на Светските првенства (СП)!
Coach Teshome Kebede said “Lamecha Girma is in good condition.” pic.twitter.com/EUDb06pc65
— Aman (@angasurunning) August 8, 2024