Фелпс: Американските пливачи разочараа во Париз

Американецот Мајкл Фелпс, 23-кратниот олимписки шампион во пливање ги коментираше резултатите на машкиот пливачки тим на САД на Олимписките игри (ОИ) во  Париз.

– За мене, генерално, резултатите на САД во пливање беа разочарувачки. Се надевам дека ќе бидат поподготвени и многу подобри на Игрите во 2028 година, рече Фелпс.

Севкупно, тимот на САД на ОИ 2024 освои 28 медали во пливање, од кои 8 златни, 13 сребрени и седум бронзени. Од нив, машкиот тим освои девет, две злата, четири сребра и три бронзи. Во поединечна конкуренција американските пливачи освоија само едно злато.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО