Лапорта се вклучува во преговорите со Нико Вилијамс. Парите не се проблем!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, му даде приоритет на ангажирањето на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и лично ќе ги води преговорите со играчот, по неуспешната мисија на спортскиот директор Деко, објавија шпанските медиуми.

Според тие извори, Лапорта ќе почне преговори со претставниците на Вилијамс по враќањето од САД, каде што каталонскиот тим беше на претсезонски подготовки. Се истакнува дела претседателот на Барса веќе се обратил до компанија која ќе им обезбеди 80 милиони евра за да го ангажираат Вилијамс.

Претходно беше објавено дека преговорите меѓу Атлетик и Барселона влегле во ќорсокак. Баскискиот клуб е убеден дека Нико Вилијамс ќе остане во клубот уште една сезона, и се подготвени да му понудат нов договор со подобрени услови.

Вилијамс кој има договор со Атлетик до јули 2027-та почна да тренира пред една недела и со видео порака им се обрати навивачите на клубот од Билбао порачувајќи им дека со нетрпение го чека почетокот на сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО