Англија добива нов селектор, привремен!

Познато е кој ќе ја води Англија во Лигата на нации (ЛН) во септември, откако селекторот, Герет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство (ЕП) 2024.

Се очекува Ли Карсли да биде привремен селектор на Англија за претстојните натпревари во Лигата на нации (ЛН), против Република Ирска и Финска следниот месец.

Карсли ја предводеше селекцијата на Англија, до 21 година, која лани триумфира на Европското првенство (ЕП), за прв пат по 39 години.

Карсли (50) е поранешен играч од средниот ред во Премиер лигата, кој играше за клубови како Дерби и Евертон во 17-годишна кариера. Потоа стана тренер и ги предводеше Ковентри, Брентфорд и Бирмингем, пред да и се приклучи Англија во 2020 година.

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија се’ уште бара наследник на Саитгејт, но се реши за привремено решение во Карлси, за претстојните натпревари. Договорот на Саутгејт беше до крајот на 2024 година, но тој реши да си замине по уште едно неуспешно финале на големо натпреварување.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО