Полска по 48 години е во одбојкарското финале на ОИ. Ќе игра против Франција

Одбојкарите на Полска по 48 години повторно ќе играат за златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз откако во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на САД со 3:2 (25:23, 25:27, 14:25, 25:23, 15:13).

Полјаците ги предводеше натурализираниот Кубанец, Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а Норберт Хубер забележа 15 поени. Најдобри кај Американците беа Метју Андерсон со 24 и Арон Расел со 20 поени.

Како клучен се покажа четвртиот сет во кој Полјаците постојано заостануваа, но во решавачките моменти имаа поголема смиреност и прецизност.

Во решавачкиот петти сет Американците водеа само еднаш, освојувајќи го првиот поен. Полска имаше четири меч топки (14:10), американските одбојкари спасија три, но не и четвртвата, кога топката од нивната блокада заврши во аут.

Полјаците го слават вториот пласман во олимпиското финале во историја. Прв пат тоа им успеа во 1976 година во Монтреал, каде што го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3:2.

Во финалето, во сабота од 13 часот, Полска ќе игра против Франција која во второто полуфинале ја совлада Италија со убедливи 3:0 (25:20, 25:21, 25:20).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО