(ВИДЕО) Ватерполистите на Србиja со гол во последната секунда ја совладаа Грција во четвртфиналето

Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласира во полуфиналето на Олимписките игри (ОИ), победувајќи ја Грција во ретко видена драма, во инфаркт завршница, со 12:11.

Херој на триумфот на Србија беше капитенот, Никола Јакшиќ, кој буквално во последната секунда ја затресе мрежата на грчкиот тим. Претходно ривалот израмни на 11:11 на шест секунди до крајот! Тоа беше прв гол на Јакшиќ на мечот од три шута.


Натпреварот беше многу тензичен од почетокот и никој не можеше да се одлепи. Грција беше апсолутен фаворит и малкумина им даваа поголеми шанси на Србите, но актуелниот олимписки шампион покажа дека се’ уште е ватерполо сила.

– Се боревме од првиот до последниот момент. Колку и да имаше среќа при последниот гол, го заслуживме. Им честитам на момците за големата борба. Имаме ден да се подготвиме за полуфиналето.

Тежок натпревар, за ова се подготвувавме цел живот, трениравме цело лето, два и пол месеци. Против кого и да дигра,е, ќе дадеме 200 проценти, рече Сава Ранѓеловиќ.

Србите во полуфиналето, во петок, ќе играат против  САД кои ја совладаа Австралија со 11:10 на пенали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО